МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Како и секоја година, на 3 Декември 2009 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во организација на Институтот за дефектологија беше одржана свеченост по повод одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со инвалидност.
Свеченоста беше отворена од страна на деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, на која присуствуваа и претставници од високи државни институции, меѓу кои со свое излагање присутните ги поздравија: претседателот на Собранието на Р. Македонија г-дин Трајко Велјановски, министерот за труд и социјална политика г-дин Џељаљ Бајрами, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски. Меѓу присутните на свеченоста беа продеканите на Филозофскиот факултет доц. д-р Никола Жежов и доц. д-р Тони Милески, професори од сите институти на факултетот, студенти и претставници од различни институции за лица со инвалидност во Р. Македонија како и инвалидни лица.
Програмата беше збогатена со доделувањето на наградата за најдобар студент на генерацијата 2004–2008, која ја доби студентката Благица Станоевска, и со изведбите на учениците од посебното основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес.
3 Декември, како меѓународен ден на лицата со инвалидност, беше одбележан и од страна на Сојузите на инвалидни лица во Р. Македонија во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ и од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ПОРАКА).
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
