КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: Актуелни состојби и идни предизвици

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во периодот од 7 до 9 октомври 2010 година, во просториите на хотел „Конти­нентал“ се одржа конференција со наслов: „Кон живеење во заедницата: актуелни сос­тојби и идни предизвици“, организирана од ЕАСПД, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА“, „Отворете ги прозорците“, Маке­донското научно здружение за аутизам и канцеларијата на аташето за социјални поли­тики (BMASK) на Австриската амба­сада во Скопје.

Основната цел на конференцијата беше „Градење на мостови од знаења и добри практики за подобрување на социјалните услови на лицата со инвалидност“, одно­сно преку дискусии и размена на искуства за различни актуелни состојби во сите региони од Европа, а во духот на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, да се овозможи и олесни целосното вклучување на лицата со инвалидност во општеството.

Конференцијата беше организирана во шест пленарни сесии и две сесии на работилници со вкупно 10 работилници. На конфе­рен­цијата присуствуваа околу 200 гости од разли­чни земји во Европа: Велика Британија, Фран­ција, Австрија, Германија, Италија,  Бел­гија,  Ирска,  Малта, Холандија, Бугарија, Чешка, Украина, Романија, Хрватска, Србија,  Албанија итн.,   од  кои 51 гостин имаа активно учество со свои презентации.

Особена чест беше што на конференцијата присуствуваа, г-дин Франц Волфмаер, прет­се­дател на ЕАСПД, г-дин Јан Јараб, регио­нален претставник за Европа од Високиот комесаријат за човекови права на ОН, г-дин Торстен Афлербак, раководител на Одде­ле­нието за интеграција на лицата со инва­лид­ност, Оддел за социјална политика, Гене­ра­лен директоријат за социјална кохезија, г-дин Геро Штулер, аташе за социјални поли­тики и ополномоштен претставник на Сојуз­ното министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите во амба­са­дите на Австрија во Загреб и во Скопје, г-дин Лук Зелдерло, генерален секретар на Европ­ската асоцијација на сервисни служби за лица со инвалидност.

Меѓу претставниците од Македонија, како пои­стакнати беа: г-дин Џељаљ Бајрами, мини­стер за труд и социјална политика, г-ѓа Сло­боданка Лазова Здравковска, раково­ди­тел на Одделението за интеграција на лицата со инвалидност на македонското Минис­тер­ство за труд и социјална политика. Активен претставник од Филозофскиот факултет - Институт за дефектологија, а воедно и прет­се­дател на Македонското научно здружение за Аутизам, беше проф. д-р Владимир Трај­ковски.

Самата конференција изобилуваше со голем вид различни актуелни теми и проблеми: системите за квалитет ги зајакнуваат спе­ци­ја­ли­зираните социјални и сервисни служби, деинституционализација, системи за ква­ли­тет, обука за вработените, вклученост на кори­сниците и проценка на потребите, вмре­жу­вање, достапност и служби за поддршка на лицата со инвалидност во Европа, обез­бе­ду­вање пристапност и е-пристапност во општеството, пристапност на информациите и на општеството, образование, вра­бо­ту­вање, дизајн за сите и е-вклученост.

Конференцијата заврши одбележана со одр­жу­вање на Генерално собрание на ЕАСПД.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-03-31

Како да се цитира

КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: Актуелни состојби и идни предизвици. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(1-2), 101-102. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)