СИМПОЗИУМ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во периодот 19–21. V 2011 г. во Охрид се одржа симпозиумот „Рана интервенција и развојни нарушувања“. Симпозиумот беше во организација на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија и Здружението на педијатри, со поддршка на Филозофскиот факултет и Институт за дефектологија и Медицинскиот факултет и Клиниката за детски болести.
Тема на симпозиумот беше раната интервенција, која од аспект на децата со посебни потреби има исклучително значење од стручен и од пошироко општествен карактер. Симпозиумот имаше за цел да ја претстави состојбата на раната интервенција во Р. Македонија, да се согледаат странските искуства и да се донесе стратегија за понатамошно делување и унапредување на истата.
Симпозиумот беше со меѓународно учество. Беа одржани 45 предавања од кои 10 од странски експерти во областа и тоа од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија , Бугарија и Косово. Имаше претставник и од Министерството за труд и социјална политика.
На симпозиумот заедничко учество земаа дефектолози, педијатри, психолози, оториноларинголози, офталмолози, логопеди и физијатри.
Беа обработени теми од раниот скрининг, раната детекција и дијагностика, раната интервенција кај високо ризичните новородени и кај децата со развојни нарушувања, оштетување на слух, оштетување на вид, нарушувања на говор, проблемите на семејствата на деца со посебни потреби. По одржаните предавања беa донесени одредени предлог мерки и заклучоци.
За подобрување на состојбата на раната интервенција потребно е заедничко работење на стручњаци и експерти од повеќе области преку формирање на мултидисциплинарни тимови, вработување на дефектолози во сите три области-здравство, образование, труд и социјала. Раната интервенција има потреба од поврзување и координирано функционирање на трите министерства – здравство, образование, труд и социјална политика. Се јави неопходна потреба од координација и вмрежување на сите институции кои работат со ризични новородени и со деца со посебни потреби.
Потребно е воведување на аудитивен скрининг, рана интервенција во Единиците за интензивна нега и терапија, рана интервенција кај децата со оштетување на вид.
Целта на раната интервенција е пред с¢ превентивна. Раната интервенција е право на секое дете и неговото семејство. Раната интервенција е предуслов за успешна инклузија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Валентина Дуковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
