IV МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕДУКАЦИСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ЗАГРЕБ, 11 - 13 МАЈ 2012 ГОДИНА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На покана од Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Република Хрватска, од 11 до 13 мај 2012 година, 13 студенти од првиот и вториот циклус на студии на Институтот за дефектологија учествуваа на Четвртиот меѓународен студентски конгрес на студентите од едукациска рехабилитација под назив „Еднакви во различноста“ кој се одржа на кампусот Боронгај во Загреб. Конгресот го организираа Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Универзитетот во Загреб и студентите од прва година на овој факултет. Покрај студентите од Хрватска учествуваа и студенти од Македонија, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Во текот на април и мај 65 студенти работеа под менторство на нивните наставници и соработници на изготвување на 46 излагања презентирани пред нивните колеги.
На отварањето поздравен говор одржаа деканот на Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, проф. д-р Љиљана Микшај-Тодоровиќ, доц. д-р Анте Билиќ-Прциќ, претставник од Канцеларијата на градоначалникот, претставник од Канцеларијата на детскиот правобранител, асс. м-р Наташа Станојковска-Трајковска како претставник на Институт за дефектологија од Скопје, претставник на студентите од Србија, како и проф. д-р Зрињка Станчиќ, претседателот на Здружението на некогашните студенти на едукациска рехабилитација. Сите тие укажаа на важноста на ваквите средби за размена на искуствата на студентите на полето на теоријата и практиката од областа на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со инвалидност, на важноста за развивање на комуникациските вештини и персонални карактеристики на студентите, како и другарувањето помеѓу младите луѓе со бројни културни и обичајни разлики.
Во пленарниот дел студентите проследија четири интересни и корисни предавања од професори од Едукациско-рехабилитацискиот факултет во Загреб.
Организаторот понуди четири теми за работа на студентите:
- Инклузивна едукација и рехабилитација која ги опфаќа: потешкотиите во учењето, интелектуалните оштетувања, нарушувањата од аутистичен спектар, правата на човекот и етичките прашања, службите на поддршка во заедницата, дијагностиката и процената, раната интервенција, професионалната рехабилитација и вработување, самовработувањето, квалитетот на животот, транзицијата и стареењето, системот на поддршка на студентите со инвалидност, менаџментот во подобрување на правата на лицата со инвалидност.
- Оштетување на видот која ги опфаќа: процената и програмите, инклузивната едукација и рехабилитација на лицата со оштетен вид, раната интервенција и улогата на родителите во рехабилитацијата на лицата со оштетен вид, новите достигнувања во развојот на рехабилитацијата на лицата со оштетен вид, асистивната и рехабилитациската технологија.
- Моторни нарушувања, хронични заболувања и арт-терапија која ги опфаќа: раната развојна рехабилитација, епидемиологијата, филозофијата на образованието, психосоцијалната онкологија, креативната терапија, арт/експресивните психотерапии и комплементарните потпорни терапии, интердисциплинарноста и рехабилитациската медицина, асистивната и рехабилитациската технологија.
- Останати теми
Студентите имаа можност за усни излагања, постер-презентации и учество без излагање. Сите студенти од Институтот за дефектологија имаа усни излагања. На Конгресот учествуваа 6 студенти од првиот и 7 од вториот циклус, сите од насоката Оштетување на слухот. Студентите работеа под менторство на проф. д-р Ристо Петров, проф. д-р Зора Јачова и асс. м-р Наташа Станојковска-Трајковска, а во текот на трите работни дена во Загреб беа придружувани од асс. м-р Наташа Станојковска-Трајковска и асс. м-р Александра Каровска-Ристовска. Студентите од Институт за дефектологија презентираа вкупно осум излагања кои кај аудиториумот предизвикаа интерес и беа проследени со дискусија и бројни прашања.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Наташа Станојковска Трајковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
