COST-ESSEA ПРОЕКТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Проектот EU-COST со акроним ESSEA (Enhancing the Scientific Study of Early Autism) (2010-2014) има за цел да се воспостави интердисциплинарна научна европска мрежа за подобрување на откривањето на најраните знаци на аутизам, како и да ги комбинира техниките од когнитивната невронаука со оние од клиничката практика за да обезбеди водичи за раната детекција на аутизмот, како и за раните интервенции. Македонскиот тим кој учествува активно во овој проект е составен од 4 учесници: aкад. Н. Поп-Јорданова, д-р сци С. Марковска-Симоска, д-р сци Т. Зорчец и проф. В. Трајковски.
Една од последните активности во рамките на проектот беше да се добијат информации за раниот вообичаен третман во секоја земја. За оваа цел беше преведен прашалник за раните терапевтски процедури кои се користат во секоја земја и дистрибуиран на родителите на децата кои имаат дијагноза АСД, а се помали од шест години. Добиени се одговори од 16 европски земји, вклучително и од Македонија. Сметам дека е интересно за нашите колеги да се соопштат некои од добиените резултати.
Прашалникот беше дистрибуиран „онлajн“ преку интернет во период од 1,.5 месец во есента 2012, или преку родителските здруженија или преку директен контакт со родителите на аутистичните деца. Прашалникот го пополнувале 2438 лица од 16 земји. Во анализата се вклучени 1681 (83%) од прашалниците кои беа комплетни.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 Нада Поп Јорданова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
