ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА: ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ-ПРАВО И ОБВРСКА ЗА ДЕЦАТА СО РАЗВОЈНИ ПРОБЛЕМИ И ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во организација на Националното координативно тело за еднакви права за лицата со инвалидност на РМ, формирано од Владата, беше одржана тркалезна маса во јуни 2004 година, на која се расправаше за проблемите, поврзани со образованието и рехабилитацијата на лицата со развојни проблеми и посебни образовни потреби.
Во работата на тркалезната маса учествуваа голем број познати експерти и други стручни компетентни лица, кои со излагања и дискусии придонесоа да се актуелизираат повеќе прашања што ги тиштат лицата со инвалидност. Притоа, посебен акцент беше даден на почитувањето и имплементацијата на меѓународните документи (декларации, резолуции и др.), на националните законодавства и нивната практична реализација, особено во нашата држава.
Во анализирањето на сегашните состојби беа нагласени потребите за физиономирање на национална стратегија за третман и образование на лицата со инвалидност, која ќе ги вклучи најновите светски искуства верифицирани во практиката. Во таа смисла беа дадени поголем број заклучоци и сугестии, пред сé, од стручен аспект што ќе помогнат во унапредување на целокупната општествена грижа за лицата со инвалидност.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Величко Андреевски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
