УСОГЛАСЕНИ СТАВОВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЕДНАКВА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА

Автори

  • Величко АНДРЕЕВСКИ Association of Organizations for Disabled People of Macedonia, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На 9 јуни 2004 година Националното координативно тело за еднакви права за лицата со инвалидност на РМ, формирано од Владата, организираше расправа за проблемите поврзани со примената на мошне различната терминологија за инвалидните лица што се применува во законодавството, науката и во комуникацијата меѓу одделни институции, органи и организации и меѓу поедини стручни кадри во определени општествени подрачја како што се: образованието, социјалната заштита, здравството, пензиско-инвалидското осигурување и др.
Во расправата учествуваа претставници од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет од Скопје, од специјализирани институции од областа на рехабилитацијата, здравството, социјалната и детската заштита, од државните органи, хуманитарни организации, од инвалидски организации, од здруженија на родители и од други заинтересирани доброволни организации и стручни лица.
По долга и конструктивна и стручна расправа, во која учествуваа над триесетина дискутанти, едногласно беше усвоен заклучокот за изедначување на досегашните различно употребувани термини:

  • За возрасните лица да се применува терминот: лица со инвалидност;
  • За децата да се применува терминот: деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2004-03-31

Како да се цитира

УСОГЛАСЕНИ СТАВОВИТЕ ЗА ПРИМЕНА НА ЕДНАКВА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА. (2004). Дефектолошка теорија и практика, 5(1-2), 170-171. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)