ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ-ДОБИТНИК НА НАЈПРЕСТИЖНОТО ПРИЗНАНИЕ НАГРАДАТА “11 ОКТОМВРИ” НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Доделувањето на наградата “11 Октомври” за животно дело на проф. д-р Љупчо Ајдински во 2003 година, претставува верификација на неговиот полувековен труд во областа на социјалната политика, а особено на општествената грижа и рехабилитацијата на лицата со инвалидност.
Тој е зачетник на дефектолошката мисла во Република Македонија и од најкомпетентните личности, кои со ерудицијата и професионалниот авторитет, успеја да го создадат носечкото јадро од областа на заштитата, рехабилитацијата и посебното образование, сублимирајќи ги современите светски искуства со сите предности на научните и практичните достигнувања во светот.
Проф. д-р Љупчо Ајдински и како стручњак и како човек со своето дело остави траен белег и во науката, и во непосредната негова комуникација што, без малку, го опфаќа целиот свет, оставајќи порака до младите генерации колку и како треба да се работи нé само за себе, туку и за среќата и прогресот на сите во општеството во целост.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Величко Андреевски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
