ОДБЕЛЕЖЕН МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА "БЕЛИОТ СТАП"-15 ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во рамкитена одбележувањето 15 октомври-светски ден "Белиот стап" на слепите лица и оваа година во организација на Сојузот на слепите на Република Македонија, а со поддршка од Сојузот на инвалидските организации, беа одржани повеќе манифестации и активности. Притоа, беа апострофирани непрекидните стремежи на цивилизираното човештво за подостоинствен живот на сите во кој ќе биде вклучен слепиот човек.
И покрај тоа што "Белиот стап" како симбол на слепилото од древни времиња за распознавање и снаоѓање на слепите лица во просторот, тој и во современиот сообраќаен метеж не го губи значењето, туку напротив станува препознатлив сигнал во секојдневното човеково владеење како елемент на културата и етиката. Во таа смисла Меѓународниот ден на "Белиот стап" беше повод, преку широк регистар активности, да се сугерира во императивна смисла решавање на многубројни проблеми со кои слепите лица се соочуваат во сегашните услови на транзиција на општеството со своите стручни и државни институции, воспоставувајќи стандарди што важат за сите лица со пречки во развојот од целиот свет.
Покрај другото, особено е значајно да се нагласи дека во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на "Белиот стап"-15 октомври, Сојузот на слепите на Република Македонија упати "ПРОГЛАС ЗА ЈАВНОСТА" под мотото: "Помогнете ни нам да бидеме со вас, а не покрај вас" во кој меѓу другото се вели: "Познато е дека слепите лица, и покрај тешкиот хендикеп, денес успешно се образоваат и се стекнуваат со највисоки академски звања, се оспособуваат за разни занимања и работи, успешно работат во многу струки, работнички и интелектуални, дека меѓу слепите има врвни педагози, литерати, музичари, новинари, правници, преведувачи, толкувачи. Затоа очекуваме од вас, почитувани сограѓани, заедно со државните органи и институции, владини и невладини организации, меѓу кои е и Сојузот на слепите на Република Македонија, било каде и кога можете да се залагате за укинување на сите облици на дискриминација спрема слепите лица и другите тешки инвалиди и да им овозможиме подобри услови за посестран и содржајно побогат живот, целосно учество и рамноправна положба, за да бидат работно активни и општествено полезни.
Слепите лица, како и другите инвалиди, очекуваат реформскиот процес, што е во тек во нашава земја, да биде нов чекор во унапредувањето на правата на оваа категорија граѓани и во развојот на современите облици за заштита на лицата со инвалидност. Со развојот на модерната здравствена заштита, социјалната политика и економија да се создадат услови за успешна превенција и за ефикасно лекување на очните болести и повреди".
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Величко Андреевски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
