ВЛИЈАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАКОНОНСКА РЕГУЛАТИВА НА ПОЛЕТО НА ИНВАЛИДНОСТА

Автори

  • Јеле РЕЈНАРТ European Association of Service Providers for Disabilities, Brussels, Belgium

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Сите живееме во свет што станува сe поглобален. Заради таа причина политиките за инвалидноста не се само предмет на национален интерес. Владите и невладините организации исто така треба да заземат активно учество во меѓународните активности. 2006 беше важна година во поглед на меѓународните активности на полето на инвалидноста. Во август, Обединетите Нации завршија успешен процес да се финализира нова Конвенција за правата на лицата со пречки. Продлабочениот и целосен дијалог меѓу владите и невладините организации беше пример за сите (наднационални) авторитети. Слоганот „ништо за нас без нас“ конечно стана реалност.
Во септември, Советот на Европа официјално го промовира својот Акционен план со цел да се промовираат правата и целосното учество на лицата со пречки во општеството. Двата документа ќе имаат огромно влијание врз иднината на секторот во Европа и во светот. Акционен план на Советот на Европа за да се промовираат правата и целосното учество на лица со пречки во општеството: подобрување на квалитетот на животот на лица со пречки во Европа 2006-2015Комитетот на министрите на Советот на Европа усвои во април 2006 нов Акционен план за да се промовираат правата и целосното учество на лицата со пречки во Европа 2006-2015.

Планот се базира врз Министерската декларација од Малага „Напредување кон целосно учество како граѓани“, што беше усвоена во 2003.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2006-03-31

Како да се цитира

ВЛИЈАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАКОНОНСКА РЕГУЛАТИВА НА ПОЛЕТО НА ИНВАЛИДНОСТА. (2006). Дефектолошка теорија и практика, 7(1-2), 77-82. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)