ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВЕНАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ДЕЦАТА СО ТЕШКА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Магистерскиот труд е презентиран на 168 страници, со вовед, теоретски дел, истражувачки дел, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни сознанија со предлог мерки и литература. Резултатите од истражувањето ги презентира на 30 табели и 27 графикони.
Во воведот нагласува дека ќе направи обид да докаже дека местото на секое дете е да живее и да се развива во семејство, а не во институција и дека деинституционализацијата како процес ги дава очекуваните резултати.
Во теоретскиот дел кандидатот се задржува на пет групи прашања.
Првиот дел е за ментална ретардациија, дефи ниција, класификација и карактеристики на децата со тешка ментална ретардација.
Предмет на вториот дел се децата со комбинирани пречки во развојот.
Предмет на третиот дел се прашања врзани со презентација на развојот на институционалната заштита на децата со ментална ретардација во РМ до 2000 година.
Во четвртиот дел се презентирани прашања кои укажуваат дека деинституционализацијата претставува нов квалитет на живеење на децата со тешка ментална ретардација и во овој дел презентира меѓународни и македонски искуства од процесот на деинституционализацијата.
Во петтиот дел од теоретските основи, кандидатот укажува на потребата од интеграција на децата со тешка ментална ретардација во општествената заедница со враќањето на децата во нивните биолошки семејства или сместување во згрижувачки семејства, но едновремено и нивно прифаќање во центрите за дневен престој.
Во истражувачкиот дел опфаќа цели, задачи, хипотези, варијабили, постапки и инструменти. Со анализа на примерокот појаснува група испитаници кои во подолг временски период биле сместени во Специјалниот завод во Демир Капија, а сега се прифатени во нивните биолошки или во згрижувачки семејства. Правејќи компаративна анализа на способностите на децата во периодот пред прифаќање во проектот, во времето на проектот и во периодот кога се сместени во биолошките или згрижувачките семејства, кандидатот докажува дека најдобри резултати се постигнати во вториот период, кога децата се опфатени со стручен дефектолошки третман.
Меѓутоа, позитивните резултати се евидентни и во третиот период, кога децата се наоѓаат во семејства, со паралелна посета на центарот за дневно згрижување. Со задоволство констатира дека центрите за социјална работа ја прифаќаат и применуваат заштитата на децата со тешка ментална ретардација. Згрижувачките семејства покажуваат интерес и грижа за децата кои ги прифаќаат, имаат позитивен однос и дека се заинтересирани да прифатат уште по едно дете.
Семејствата им забележуваат до одделни центри за социјална работа дека нивниот интерес за децата не е на потребното ниво и дека треба повеќе да бидат заинтересирани.
Податоците од ова истражување укажуваат дека организираниот третман за децата со тешка ментална ретардација доведува до развој на децата.
Резултатите може да бидат подобри ако во воспитно-образовниот процес се примени систематска, мултимодална, сеопфатна и интензивна програма прилагодена кон секое дете согласно неговите можности и способности.
Предлог мерките се:
- рана детекција, дијагностика, третман;
- следење на развојот на секое дете одделно, со проценка на неговите способности на секои 6 месеци и аналогно на тоа изготвување предлог-програма за наредниот период;
- примена на нови техники на работа: бихејвиорални постапки, терапија на однос, реедукација на психомоторика, терапија низ игра, стимулација на сензитивно-сензорно-кинестетичките области;
- социјализација на децата во непосредната околина: прошетки, посета на спортски, културни манифестации, комуникација со други луѓе;
- обезбедување стручен кадар од различни профили и нивна постојана едукација;
- поголемо ангажирање на центрите за социјална работа;
- стимулирање на биолошките семејства да направат напори да ги задржат децата во домашна средина;
- отворање центри за дневен престој.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Лаура П. Ѓурчиновска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
