КАРАКТЕРИСТИКИ ВО РАЗВОЈОТ НА МОТОРИКАТА, КОМУНИКАЦИЈАТА, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА И САМОПОСЛУЖУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО УМЕРЕНИ ПРЕЧКИ ВО ПСИХИЧКИОТ РАЗВОЈ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Магистерскиот труд е презентиран на 153 страници, со вовед, теоретски дел, истражувачки дел, анализа и интерпретација на резултатите, заклучни сознанија со предлог-мерки, литература и прилози. Резултатите од истражувањето ги презентира со 37 табели и графикони.
Во воведот ја поставува задачата на своето истражување т.е. можностите и карактеристиките во развојот на моториката, комуникацијата, социјализацијата и самопослужувањето кај деца со умерени пречки во психичкиот развој, независно дали се опфатени во стационарна институција (една група испитаници) или во посебни основни училишта (друга група испитаници).
Во теоретскиот дел е разработена умерената ментална ретардација со дефиниција, етиологија, класификација и развој на моториката, комуникацијата, социјализацијата и самопослужувањето.
Во истражувачкиот дел се дефинирани предметот, целите, задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките и инструментите. Дава анализа на примерок од две групи испитаници и резултатите ги компарира.
Во анализа и интерпретација на резултатите, во првите четири точки се зборува за процената на развиеноста на моториката, комуникацијата, социјализацијата и самопослужувањето кај децата. Во петтата точка утврдува корелација меѓу:
· моторика и социјализација;
· моторика и комуникација;
· моторика и самопослужување;
· социјализација и комуникација;
· социјализација и самопослужување;
· комуникација и самопослужување.
Податоците укажуваат дека воспитно-образовниот процес независно каде се реализира доведува до развој на децата. Децата со умерени пречки во психичкиот развој покажуваат ниско ниво на развиеност во областите опфатени со ова истражување, во споредба со развојните норми што се општо прифатени. Таквите деца независно од возраста и степенот на когнитивно функционирање имаат дисхармоничен моторен развој.
Овие резултати може да се подигнат на повисоко ниво со систематска, мултимодална, сеопфатна и интензивна програма прилагодена кон секое дете.
Предлог мерките се:
· координираност меѓу стручните лица кои учествуваат во третманот на децата;
· рано откривање и оцена на специфичните потреби;
· следење на третманот и резултатите од третманот;
· работа со семејствата;
· следење и примена на нови практични и теоретски искуства;
· перманентно иновирање на програмата за работа со овие деца.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Анета Стефановска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
