АКТИВНОСТИ НА АУТИЗАМ-ЕВРОПА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 02. 04. 2009 година, сметајќи го како Светски ден на аутизмот, здружението Аутизам-Европа (АЕ) ги промовираше активностите кои ги реализирало во текот на изминатиот период, пред сè давајќи изјава со која се направи проценка на потребите на лицата со аутизам, во областа на здравствената грижа, едукацијата и вработувањето. Предводени од фактот дека ваквите потреби се недоволно земени предвид, како и секојдневното прекршување на човековите права на лицата со аутизам, во земјите на Европската Унија, Аутизам-Европа даде детална препорака за 10 мерки:
1. Подобрување на постоечките индикатори на специфичните сервиси за здравствена грижа, со цел да се оспособат за мерење на пропорцијата на лицата со аутизам или комплексната зависност и потреби на придобивките од адекватните рехабилитациони програми.
2. Реорганизација на иницијалните и континуираните тренинзи на здравствените стручњаци во склад со интернационално прифатените дијагностички системи, како и евидентно базиран третман и обезбедување на соодветен тренинг на стручните лица за едукација на лицата со аутизам.
3. Обезбедување на партнерство помеѓу родителите и стручните лица, со цел да се детерминираат соодветни едукативни или други програми.
4. Обезбедување на еднаков пристап до едукативниот систем за сите и обезбедување на еднакви можности за развој на индивидуалните потенцијали на секое ниво на едукација, без оглед на природата или тежината на инвалидноста.
5. Интегрирање на специфичните бихејвиорални и комуникативни карактеристики и потреби на лицата со аутизам или на комплексните зависности и потреби, во стандардните едукативни системи, преку континуирани тренинзи на родителите и стручните лица.
6. Реорганизација на доживотната едукација и тренинг на лицата со аутизам.
7. Подобрување и адаптирање на поддршката на работното место, во склад со потребите на лицата со аутизам.
8. Обезбедување на околина, која ќе ги поттикнува комуникациите кај лицата со аутизам и која е адаптирана на бихејвиоралните проблеми со кои се соочуваат овие лица.
9. Одбирање на начин на живот, во семејство или станбено сместување, со соодветна поддршка од страна на здравствените и едукативните сервиси.
10. Пристап до добар квалитет на живот, во термините на физичка, емотивна, социјална и материјална благосостојба.
Значајни активности кои беа промовирани од страна на Аутизам-Европа:
- Прогласувањето на Магали Влајен како нов административен асистент во секретаријатот на АЕ, во Брисел.
- Средбите на Обединетите Нации и ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност. Ратификација на Конвенцијата и на изборниот протокол на 24. 02. 2009 г. од страна на Германија, и ратификација на изборниот протокол од страна на Велика Британија на 26. 02. 2009 г.
- Прв состанок на комисијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, Женева 23 - 27. 02. 2009 г. На состанокот биле промовирани новите организации кои учествувале во прокламацијата на правата на лицата со инвалидност и бил направен избор на претседател, заменик-претседател и репортер на комисијата.
- Преземање на иницијатива од страна на Европскиот парламент, со цел да се забрза постапката на ратификација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност.
- Преземање на водечка улога во ЕУ од страна на Република Чешка на 01. 01. 2009 г., со приоритети за работа под мотото „Европа без граници“, главно со насочување кон вработување на лицата со инвалидност, како основен начин на превенција од нивно социјално исклучување.
- Претставување на предлозите на Европската антидискриминациона директива, кои се однесуваат на лицата со инвалидност.
- Усвојување на резолуција од страна на Советот на Европа, за активно и потполно учество на лицата со инвалидност во сите сфери од животот, на 26. 01. 2009 г.
- Промовирање на правото на глас при европските избори на лицата со инвалидност.
- Спроведување на кампања за персонални асистенти.
- Промовирање на терминот за одржување на Генералното собрание на Аутизам-Европа, на 02 - 03. 05. 2009 во Ливерпул, Велика Британија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
