ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Весна КОСТИЌ ИВАНОВИЌ Special elementary school “d-r Zlatan Sremec”, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Голем процент на деца со интелектуална попреченост имаат проблематично и дисхармонично однесување пројавено во кругот на семејството, во училиштето и во средината во која се движат. Истражувањата на повеќето автори укажуваат дека 30 - 50% од лицата со интелектуална попреченост имаат одредени потешкотии во однесувањето. Однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост е зависно од мноштво фактори кои меѓусебно се испреплетуваат: возраста на детето, степепенот на интелектуалната попреченост, нивото на психомоторна организираност, издиференцираноста на емоциите, комуникативните способности како и социо-економскиот статус, односно условите во средината (семејната, институционалната и пошироката општествена) во која живее и расте, се едуцира или рехабилитира детето. Влијанието на некои од овие фактори беше анализирано и утврдено со ова истражување. Постојат низа мерни инструменти (прашалници, скали) за евалуација на однесувањето кај лицата со интелектуална попреченост, преку кои се откриваат проблемите кои овие лица ги имаат во својот психо-социјален развој и општествен живот. Во ова истражување беа користени Скалата на адаптивно однесување на ААМД (II дел) и Скалата за процена на однесувањето на детето в училиште на авторите Бојанин, Савановиќ.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2009-03-31

Како да се цитира

ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. (2009). Дефектолошка теорија и практика, 10(1-2), 49-62. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)