УЧИЛИШТЕ ЗА СИТЕ: ПРОКЛАМАЦИЈА НА ИНКЛУЗИВНАТА ЕДУКАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во периодот од 12 до 13 ноември 2009 година, во Даблин беше одржана конференција од страна на ЕАСПД (European Association of Service Providers for Persons with Disabilities – Европска aсоцијација на сервисни провајдери за лица со инвалидност) по повод „Саламанка – 15 години на Инклузија – Училиште за сите“. Оваа конференција ЕАСПД ја искористи за усвојување на својата Прокламација за инклузивна едукација, водејќи се од основната идеја дека сите деца и возрасни имаат еднакво право на квалитетно и соодветно високо образование во инклузивна средина.
Во склад со една од основните цели на Прокламацијата, се промовираа позитивни ставови за инклузивното образование и се настојуваше да се одговори на загриженоста на 300-те учесници во однос на тоа „како да се инклудираат сите деца во редовни училишта, без да се изгубат стручните лица од посебните училишта“. ЕАСПД во својата Прокламација промовираше задолженија, правила и принципи за сите учесници кои придонесуваат за инклузивното образование:
- Препораки за политичари и креатори на политиката (задолженија за властите на регионално, национално и интернационално ниво):
- реафирмирање на задолженијата во склад со Декларацијата од Саламанка и Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност;
- развој на акциони планови за реформирање на постоечкиот воспитно-образовен систем;
- реформирање на обуката на наставници во редовните училишта;
- помош за посебните училишта при нивно преминување во ресурсни центри и сл;
- Препораки за индивидуални организации:
- градење на заедничка визија и стратегија за инклузивно образование со посредство на дијалози помеѓу сите вклучени субјекти;
- да се обезбеди тимски пристап кон зaедничкото школување и мултидисциплинарно учење и сл.
Претседателот на ЕАСПД Франц Волфмајер наведе дека покрај другото, Прокламацијата ја истакнува и важноста на пристапот со централно поставување на детето-ученик и семејството, како и обезбедувањето на мрежна поддршка за понатамошен развој, развивање на политичка и легална рамка за промоција на инклузивното образование и мултидисциплинарната соработка.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
