СТАРЕЕЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 15. III 2010 г. во просториите на салата за седници на Филозофскиот факултет, се одржа работилница со наслов „Стареење на лицата со интелектуална попреченост“ во организација на ИАССИД и ННК на Институтот за дефектологија. Добрата организација и актуелноста на проблематиката, за која се зборуваше на работилницата, ја потврдија 108 присутни учесници од различни профили.
Работилницата беше отворена од страна на проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија, а воедно беше поздравена и од продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Лена Дамовска.
Како предавачи на работилницата беа еминентни професори од западните земји, проф. д-р Метју Џеники од Универзитетот во Илиноис, САД, кој даде краток осврт за процесот на стареење на лицата со интелектуална попреченост, посочувајќи ги демографските влијанија на процесот на стареење, заедничките универзални проблеми и интереси, за сервисите, поддршката и значењето на давање помош. За менталното здравје и стареењето говореше д-р Антонија Копус, од Универзитетот во Ротердам – Холандија, подетално задржувајќи се на деменцијата и Алцхајмеровата болест. Во однос на квалитетот на живот во семејството и стареењето, поточно за фамилијарните прашања во грижата и планирањето на иднината, зборуваше проф. д-р Рој Браун, од Универзитетот во Викторија, Британска Колумбија, Канада.
Како претставници од Македонија, кои предаваа на оваа работилница, беа проф. д-р Владимир Трајковски, кој говореше за генетската основа на Алцхајмеровата болест, запознавајќи ги присутните со современите наоди во однос на етиологијата на заболувањето и д-р Драган Илиевски, претседател на Здружението за Алцхајмерова болест во Македонија, посочувајќи ја состојбата и перспективите на лицата со Алцхајмерова болест во Македонија.
Завршувањето на работилницата беше одбележано со плодна дискусија и доделување на сертификати на сите присутни.
Превземања
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
