ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Аутистичниот спектар е комплексен и се поја­вува со многу различни видови и мани­фе­стации, во зависност од тоа кои сензорни системи и области од мозокот се засегнати. Во склад со комплексноста на појавата, по­ма­гањето на децата, тинејџерите и возрас­ни­те со аутизам не е ни малку лесно, па за­тоа и симболот на аутизам е сложувалка сос­та­вена од многу различни бои, при што сло­жу­валката не ја посочува само индиви­ду­а­л­носта на аутизмот, туку и можноста за соз­да­вање на погрижлив свет преку заед­нич­ка­та ра­бота.

По промовирањето на 2 Април како меѓу­народен ден на аутизмот, од страна на Гене­рал­ното собрание на ОН, секоја година во светски рамки се одбележува овој ден како ден посветен на лицата со аутизам. Осно­в­ната цел на одбележувањето на светски ден на аутизам е да се придонесе кон подо­бру­вање на квалитетот на живеење, преку по­испо­лнет и продуктивен живот на децата, тинеј­џерите и возрасните со аутизам, охра­бру­вање и давање на надеж за родителите на лица со аутизам, овозможувајќи им повеќе сред­ства и можности за работа и третман, надми­нување на негативните ставови и пре­дра­суди на околината во однос на аутизмот, про­моција и почитување на човековите права за сите, поддршка и поттик на пона­тамошни истражувања со цел унапредување на сос­тојбата на аутизмот, создавање   на   по­инклу­зивно   општество, откривање на нови мож­ности за терапија, рана дијагноза и интер­венција и пред с¡ едуцирање на опш­тата популација вклучувајќи ги стручните про­фили кои секојдневно се во контакт со лицата со аутизам, медицински персонал, нас­тавници, воспитувачи и сл.

Македонското научно здружение за аутизам оваа година за прв пат ќе го одбележи Светскиот ден за аутизам и во Република Ма­кедонија и тоа на втори април, во цен­та­рот на град Скопје на подрачјето на улица Ма­кедонија, кај споменикот на Мајка Те­ре­за, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, со тоа што ќе се одржи манифестација на која ќе бидат поделени над 300 балони и пам­фле­ти со основни информации за состојбата на аутизам и аутистичните спектрални на­ру­шу­вања. Истовремено минувачите и по­се­ти­те­лите ќе бидат пречекани со пријатна му­зи­ка од наши познати изведувачи. Се очекува нас­танот да биде добро медиумски покриен со што ќе се придонесе кон поголема јавна свес­ност во општеството за овој горлив про­блем, но и да прерасне во традиција која ќе се спроведува секоја година на различни на­чи­ни и локации, со основна цел да про­дол­жи со подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам.

Целата манифестација ќе биде под гене­рал­но покровителство на првата дама на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова и со под­дрш­ка на градоначалникот на општина Цен­тар – господин Владимир Тодоровиќ.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-03-31

Како да се цитира

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(1-2), 113-114. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)