СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НАУКА И / ИЛИ ПРАКСА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
„Специјална едукација и рехабилитација – наука и/или пракса“ беше насловот на првата меѓународна конференција одржана во Сомбор, Република Србија, во периодот од 22 до 24 октомври 2010 година. Конференцијата беше во организација на Друштвото на дефектолози на Војводина, Одделението за соматопедија при Факултетот за специјална едукација и рехабилитација при Универзитетот во Белград, УГ Ресурсен центар за специјална едукација од Белград и Друштвото на дефектолози на Сомбор.
Конференцијата беше посетена од околу 100 гости од различни земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка, Македонија и др., со над 60 пријавени трудови. Трудовите и нивните презентации беа организирани во 6 тематски рамки: социјална вклученост на лицата со инвалидност, Популаризација и промоција на унапредувањето на функционалниот статус на дефектолозите, Рана интервенција во специјалната едукација и рехабилитација, Индивидуален третман при развојни пречки и тешкотии, Сервисни центри – ресурсни промени, Образование и интеграција на деца и младинци со пречки во развојот и возрасни лица со инвалидност и 14 постер презентации за: надворешно вреднување и развој на инклузивни училишта, манипулативна вештина и влијание на соматопедски третман кај деца со породилна траума на plexus brachialis, влијание на соматопедскиот третман на развојот на координацијата како базична моторичка способност кај децата со оштетен вид, образование на осудени во казнени услови, подигнување на капацитетите во работата во училиштата за образование на деца со пречки во развојот, ставови на студентите од Факултетот за специјална едукација кон лицата со инвалидност, нови академски профили во специјалната едукација и рехабилитација, етички ставови за кохлеарната имплантација, специјална едукација и рехабилитација во Војводина, значење на спортот и рекреацијата во социјалната интеграција на домските корисници, социјално надградување на бихејвиоралните системи на младите без родителска грижа, генетски аспекти на хендикепот, алтернативни тераписки постапки во рехабилитација на лицата со аутизам, креирање на програма на физички активности за постари лица.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
