СИМПОЗИУМ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА

Автори

  • Валентина ДУКОВСКА PHO University Children’s Hospital, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во периодот 19–21. V 2011 г. во Охрид се одр­жа симпозиумот  „Рана интервенција и раз­војни нарушувања“. Симпозиумот беше во организација на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија и Здружението на пе­ди­јат­ри, со поддршка на Филозофскиот факултет и Институт за дефектологија и Ме­ди­цин­ски­от факултет и Клиниката за детски болести.

Тема  на симпозиумот беше раната ин­тер­вен­­ција, која од аспект на децата со посебни по­­тре­би има исклучително значење од стру­чен и од пошироко општествен карактер. Сим­­позиумот имаше за цел да ја претстави сос­­тојбата на раната интервенција во Р. Ма­ке­­донија, да се согледаат странските ис­кус­тва и да се донесе стратегија за по­на­та­мош­но делување и унапредување на истата.

Сим­позиумот беше со меѓународно учество. Беа одржани 45 предавања од кои 10 од стран­­ски експерти во областа и тоа од Ита­лија, Словенија, Босна и Херцеговина, Ср­би­ја , Бугарија и Косово. Имаше претставник и од Министерството за труд и социјална по­ли­тика.

На симпозиумот заедничко учество земаа де­­фектолози, педијатри, психолози, ото­ри­но­­ларинголози, офталмолози, логопеди и фи­­зи­јатри.

Беа обработени теми од раниот скрининг, ра­­ната детекција и дијагностика, раната ин­тер­венција кај високо ризичните но­во­ро­де­ни и кај децата со развојни нарушувања, ош­те­ту­вање на слух, оштетување на вид, на­ру­шу­ва­ња на говор, проблемите на семејствата на деца со посебни потреби. По одржаните предавања беa донесени од­ре­дени предлог мерки и заклучоци.

За подобрување на состојбата на раната ин­тер­венција потребно е заедничко работење на стручњаци и експерти од повеќе области пре­ку формирање на мултидисциплинарни ти­мови, вработување на дефектолози во сите три области-здравство, образование, труд и социјала. Раната интервенција има по­треба од поврзување и координирано функ­ционирање на трите министерства – здрав­ство, образование, труд и социјална по­литика. Се јави неопходна потреба од коор­динација и вмрежување на сите ин­сти­ту­ции кои работат со ризични новородени и со деца со посебни потреби.

По­требно е воведување на аудитивен скрин­инг, рана интервенција во Единиците за ин­тен­зивна нега и терапија, рана интервенција кај децата со оштетување на вид.

Целта на раната интервенција е пред с¢ пре­вен­тивна. Раната интервенција е право на се­кое дете и неговото семејство. Раната ин­тер­венција е предуслов за успешна ин­клу­зи­ја.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-09-30

Како да се цитира

СИМПОЗИУМ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(3-4), 115-116. https://doi.org/10.2478/