СПОСОБНОСТА ЗА САМОЗАСТАПУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Сашка ТРАЈКОВСКИ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Апстракт

Магистерскиот труд е презентиран на 102 страници. Трудот ги содржи следните делови: Вовед, Теоретски дел, Истражувачки дел составен од: Методологија на истражувањетоАнализа и интерпретација на резултатите, Дискусија, Заклучоци и Препораки, Прилози и Литература.
Во Воведниот дел e дефиниран поимот самозастапување. Самозастапувањето на лицата со пречки во интелектуалниот развој опфаќа дел од личниот идентитет. Тоа вклучува напори на поединецот да зборува и да работи во свое име, да носи одлуки и да влијае на ситуации што се однесуваат на неговиот живот, како и да постигнe највисок можен степен на независност. Основна цел на самозастапувањето е развивање на основните вештини кај лицата со ментална ретардација, како и подобрување на односот на општествената средина кон овие лица за тие да станат полноправни членови на заедницата во која живеат и да уживаат еднакви можности, права и одговорности.
Во Истражувачкиот дел, дадена е методологијата на истражување и притоа се дефинирани предметот, целта и карактерот на истражувањето, задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките и инструментите, примерокот, статистичката обработка на податоците, местото, времето, организацијата и текот на истражувањето. Предмет на ова истражување е нивото на самозастапување на лицата со лесна интелектуална попреченост кои се интернатски сместени во Центарот за образование и рехабилитација „Св. Наум Охридски“ - Скопје, како и учениците од завршните одделенија од ПОУ „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“ од Скопје и од ПОУ „Ма­ца Овчарова“ од Велес, кои живеат со своите семејства. Целта беше да се утврди поврзаноста на условите за живот, како објективен фактор што го одредуваат нивото на самозастапување и различните аспекти на вештините за самозастапување. За собирање на податоците беше користена техниката на структурирано интервју, а добиените податоци беа статистички обработени со помош на t-тестот (ниво на значајност p<0,05).
Резултатите покажаа дека лицата со лесна интелектуална попреченост што живеат со своите семејства имаат подобри комуникативи вештини, поголема способност за решавање проблеми и подобро ги познаваат сопствените права од учениците што се сместени во интернат, а беа опфатени со ова истражување. Според тоа, лицата со лесна интелектуална попреченост што живеат со своите семејства имаат поголема способност за самозастапување во споредба со учениците што се сместени во интернат.
Според резултатите што ги добивме од спроведеното истражување, можеме да заклучиме дека нивото на самозастапување на лицата со лесна интелектуална попреченост е многу ниско. Многу малку од нив ги познаваат своите права, а уште помал број уживаат во своите права. Тоа укажува на потребата од сè поголема едукација на лицата со интелектуална попреченост, на оние што се поврзани со нив, како и на целото општество за да се овозможи еднаквост и рамноправност на лицата со лесна интелектуална попреченост, права што ги уживаат сите други граѓани на нашата држава.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

СПОСОБНОСТА ЗА САМОЗАСТАПУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 134-136. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5086