ВТОРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА И ШЕСТИ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ESIPP
Апстракт
Во периодот од 28 до 30 јуни во Нортхамптон, Англија, беа одржани Втората меѓународна конференција и шестиот транснационален состанок во рамки на проектот ESIPP.
Меѓународната конференција се одржа на 28.6.2017 год. во Кингс парк центарот за конференции според чија агенда, по регистрацијата на околу 80 гости, проектот ESIPP беше претставен од професорот Дејвид Прис од Универзитетот во Нортхемптон. Потоа следеа презентации на партнерите од Македонија, Кипар и Хрватска, како и гласот на родителите од овие земји преку видеа. Во вториот дел од Конференцијата, презентација одржаа Деби Ели (мајка на две деца со аутизам) и Мајке Илинг-Витби (окупационен терапевт од Германија) на тема „Разлики во моториката и координацијата кај децата со аутистичен спектар“. Конференцијата заврши со евалуација и дискусија. На 29.6.2017 год. на Универзитетот во Нортхамптон, шестиот транснационален состанок започна со вовед и информации од тимот за проект-менаџмент (Дејвид Прис и Пол Брамбл) за активностите од последниот состанок и периодичен извештај - повратни информации и акции за максимизирање на успехот на проектот. Пол Брамбл даде информации за финансиите. Јасмина Трошанска даде информации за внатрешната сигурност за квалитет. Кристина Фернандез извести за дисеминацијата на проектот во изминатиот период. Вториот дел од состанокот беше давање повратни информации и информации за Конференцијата во Хрватска, планирање за Скопје, Кипар и Хрватска за следните конференции и трaнснационални состаноци, содржина на конференциите, вклучувајќи и публицитет/линкови од политичари и луѓе кои ги прават политиките во земјите, мапа на тренинзи на родителите на деца со аутизам во Кипар, локација и датуми на транснационалните состаноци број 7 и 8.
Пол Брамбл зборуваше за индикатори на импакт. Состанокот заврши со презентација водена од Гарет Лонг, надворешен набљудувач за максимизирање на импактот, одржливоста и исполнување на целите на ESIPP, како и дискусија.
Нa 30.6.2017 год. во просториите на деканатот на Универзитетот во Нортхемптон продолжи транснационалниот состанок. Се реализираа две паралелни сесии во две одвоени простории. Во просторија 1, партнерите ја анализираа содржината и реализацијата на Програмата за обуки за родители, а во просторија 2, Дејвид Прис, Јасмина Трошанска и Лоизос Симеоу правеа евалуација на Програмата за обуки на родители. Вториот дел од состанокот се реализираше во една просторија - повратни информации од целиот тим, фокус на импактот, одржливоста, исходи, индикатори и исто така, повратни информации од работата на двете групи. Состанокот заврши со размислувања и со идеи за приоритетите и следните акции кои треба да се преземат.
Следната Меѓународна конференција (трета по ред) ќе се одржи во Скопје, Македонија, на 1 ноември 2017 год., додека транснационалниoт состанок бр.7 ќе се реализира на 2 и 3 ноември 2017 год. во Скопје.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Ана Шикалеска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
