За списанието

Списанието за специјална едукација и рехабилитација (JSER) (ISSN 1409-6099) е списание со рецензија, уредувано од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. JSER обезбедува информации од различни извори, како што се научни статии, клинички искуства, прикази на случаи, прегледни трудови, докторски дисертации, магистерски трудови и други прилози од сите области на специјалната едукација и рехабилитација, медицината, психологијата, педагогијата и други сродни науки. Право на објавување имаат специјални едукатори, лекари, психолози, педагози и други вработени во јавни и приватни специјални училишта, институции и здравствени установи во Република Македонија и во странство. Списанието за специјална едукација и рехабилитација е посветено на научното проучување на попреченоста. Тематиката е широка и опфаќа, но не се ограничува на, наоди од биолошки, образовни, генетски, медицински, психијатриски, психолошки и социолошки истражувања, како и етички, филозофски и правни прилози што го зголемуваат знаењето за превенцијата и третманот на попреченоста и/или даваат придонес кон јавните политики и практиката. Ракописите поднесени за објавување во списанието стануваат трајна сопственост на Списанието за специјална едукација и рехабилитација (JSER) во Скопје и не смеат да се репродуцираат на каков било начин без писмена дозвола од авторот и издавачот.