Семантичка категорија ‘градација’: опсегот на граматикализација во македонскиот и во полскиот јазик

Main Article Content

Зузана Тополињска

Abstract

Семантичката категорија ‘градација’ спаѓа во тие ретки категории што функционираат и на ниво на пропозиција и на ниво на нејзините аргументи. Како површински експоненти на оваа категорија се јавуваат прилози и придавки, а предмети на евалуација, соодветно, се конститутивните членови на пропозицијата и на нејзините аргументи. Словенските јазици ја наследиле „класичната“ семантичка парадигма составена од три компоненти: позитив, компаратив, суперлатив и ги адаптирале нивните површински експоненти на постоечките граматички модели. Во текот на развојот на овие јазици се појавиле нови типови градациска евалуација. Меѓу нив внимание привлекуваат конструкциите што го поврзуваат средството за градација со неговата идна примена. Тие се присутни во двата анализирани јазика, но повеќе се употребуваат во македонскиот и во неговото мултилингвално опкружување. Оттука следува дека одговорот на проблемот искажан во насловот е во корист на македонскиот јазик.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Тополињска, Зузана. 2018. “Семантичка категорија ‘градација’: опсегот на граматикализација во македонскиот и во полскиот јазик”. Journal of Contemporary Philology 1 (2), 7–12. https://doi.org/10.37834/JCP182007t.
Section
Linguistics

References

Grochowski, M. (2018). Asymetria semantycznych i gramatycznych ograniczeń stopniowania przymiotników w języku polskim", 83–92. In Z polskich studiów slawistycznych. Poznań: UAM.
Wierzbicka, A. (1972). Semantic Primitives, Linguistische Forschungen 22. Frankfurt am Main: Athenäum.

Илиевски, П. Хр. (1988). Балканолошки лингвистички студии. Скопје: ИМЈ.