ОПШТЕСТВЕНАТА САТИРА ВО МЕДИУМСКИТЕ КАРИКАТУРИ ЗА KОВИД-19 ВО БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА: МУЛТИМОДАЛНА КРИТИЧКА АНАЛИЗА НА ДИСКУРСОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472131oКлучни зборови:
семиотички модуси, сатира, карикатури за КОВИД-19, динамика на моќта, идеологија, граѓани на Брегот на Слоновата КоскаАпстракт
Овaа статија користи интердисциплинарен пристап, кој вклучува сатира, мултимодалност и критички дискурс за да ја истражи интеракцијата помеѓу семиотичките модуси што се користат во карикатурите за КОВИД-19 во списанието Gbich!. Во статијата се истражува како карикатурите ја прикажуваа социоекономската и политичка реалност на граѓаните на Брегот на Слоновата Коска за време на пандемијата, и како тие служеа како алатка за подигнување на јавната свест, за критикување на владините и на глобалните (не)дејствувања и за поткопување на постојните традиционални структури и практики. Студијата се темели на единаесет избрани карикатури за КОВИД-19, објавени на насловната страница на Gbich!, влијателен сатиричен и хумористичен весник кој се објавува во Брегот на Слоновата Коска. Собраните податоци се анализирани низ призмата на Кајперовата перцептивна теорија на сатирата, како и преку мултимодалната критичка анализа на дискурсот, според Мејчин и Маир. Резултатите од истражувањето покажуваат дека весникот ги сатиризираше прашањата кои се однесуваа на домашните, локалните и глобалните дискурси за време на пандемијата. Тоа ја нагласи динамиката на моќта во рамките на фамилијарната структура, во текот на кризата, како и релацијата помеѓу вирусот, граѓаните и светските ентитети. Во заклучокот се потцртува дека весникот поттикнуваше дискусија за родовите улоги и очекувања, за управувањето со информациите и со кризите и за давањето предност на реакциите за време на кризи. На ваков начин, весникот во јавноста ја искажа својата идеолошка позиција во однос на солидарноста, моќта и бракот.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија