ВЛИЈАНИЕТО НА МАРКЕТИНГОТ ВО ДАВАЊЕТО НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ УСЛУГИ THE IMPACT OF MARKETING ON THE VETERINARY SERVICES

Main Article Content

Natasha Petrovska
Biljana Petrovska
Blagica Trajanoska
Bojan Stamdziovski
Martin Kamceski
Elena Buntevska

Abstract

Со драматичната промена на концептот на маркетингот во текот на последните неколку децении, неодамна фокусот се пресели кон потребите на клиентите и видовите на услуги кои се даваат за да се задоволат истите, наспроти производите и продажбата. Сега кога традиционалниот пристап кон маркетингот почнува да ги покажува своите ограничувања кои се должат на зголемените барања на клиентите, хетерогени и фрагментирани пазари, брзите технолошки промени и интензивната конкуренција, потребни се нови стратегии за развој на пазарот. Потребно е да се одговори на развојот на економските, технолошките, политичките, правните и социјалните трендови. Покрај тоа е обновен акцентот на маркетингот во создавање и иновации на нови подобри производи и услуги, а не само натпревар со конкуренцијата. Истражувањето е спроведено со помош на прашалник составен од осум прашања чија цел е да се добијат релевантни податоци за работата на ветеринарните амбуланти која се однесува токму кон давање на услуги и производи со кои се задоволуваат потребите на клиентите. Истражувањето е спроведено во пелагонискиот регион. Предизвикот на ветеринарните амбуланти во голем дел се однесува на стекнување на поголем број на нови клиенти и задржување на постојаните клиенти. Ова може да се постигне со давање на поголем број на услуги, промовирање на истите, формирање на атрактивни цени како за услугите така и за производите кои ги нудат. Од голема важност е негата и внимателноста со домашните миленици и нивните сопственици, со цел максимално да се задоволат нивните потреби.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Section
Articles

References

Јаќовски Б., Ристевска-Јовановска С., 2006, Маркетиг, Европски Универзитет, Скопје.
Amstrong G., Harker M., Kotler P., 2009, Marketing: An introduction. Marketing principles and society, from web site: http://fds.oup.com/www.oup.com/pdf/13/9780199646500_chapter1.pdf
Marketing Decisions, from web site: http://www.ccfplus.com/wp-content/uploads/unit-10-complete.pdf
The marketing environment: 5 environmental influences and how they affect your marketing, 2005, from web site: http://www.clarity-in-communication.com/getattachment/0965f9f2-d72e-4b29-8eef-d52be554e9d3/5-environmental-influences---.aspx