ВЛИЈАНИЕ НА ПРОИЗВОДНАТА СЕРИЈА ВРЗ ПРОЦЕНТОТ НА ПРИФАТЕНИ ЛАРВИ И ПРИНОСОТ НА МАТИЧЕН МЛЕЧ THE IMPACT OF THE PRODUCTION SERIES ON THE PERCENTAGE OF REVENUE LARVES AND THE MATTER MILK YIELD
Main Article Content
Abstract
Во трудов се дадени резултати од проучувањето на влијанието на производната серија врз процентот на прифатени ларви и приносот при производство на матичен млеч во производен турнус од 7 серии во интервал од 3 дена. Податоците се земени од професионален одгледувач на пчели во околината на Куманово - с. Живиње, и се однесуваат на производството во 2011 год. Производниот процес е организиран во 28 одгледувачки пчелни семејства без матици, во кои во секоја серија е додавана една рамка со по 60 пресадени ларви во матичници распоредени по 30 на две паралелни летвички. Во секоја серија одредувано е: процент на прифатени ларви, количеството на добиен матичен млеч на матичник и вкупно количество добиен матичен млеч на семејство. Процентот на прифатени ларви се движи од 61,7 % до 78,3 %, во првата и четвртата серија, соодветно. Количеството на добиен матичен млеч по матичник се движи од 0,21 mg во шестата серија до 0,34 mg во првата серија. Вкупното количество добиен матичен млеч на семејство значително започнува да опаѓа по четвртата серија, заради што се препорачува освежување на одгледувачките семејства со млади пчели по четвртата серија.
Downloads
Article Details
References
Shkenderov, S., Ivanov, C. Pčelni proizvodi I njihovo koriščenje, Beograd, Nolit, 1986.
Deseyn, J. Billen, J. Age-dependent morphology and ultra-structure of the hypopharyngeal gland of Apis mellifera workers (Hymenoptera, Apidae). Apidologie, 2005.
Ibrahim, Y. Y. M. Studies on some activities of honeybee colonies under Giza city conditions. . Unpublished M.Sc. Thesis, Cairo Univ., 116pp, 2002.
Krell, R. Value-added products from beekeeping. FAO agricultural services food and agriculture organization of the United Nations. Bulletin, No. 124, Rome, 1996.
Sahinler, N. Ari urunleri yapisi ve lnsan sagligi acisindan onemi. Mustafa Kemal Univ., Ziraat Fak. Derg., 5: 139-148. 2000.
Schmidt, J. O. Bee products chemical composition and application. bee products properties, applications and apitherapy. Plenum Pres. New York and London, 1997.
Wang, D. I. and Moeller, F. E. Histological comparisons of the development of hypopharyngeal glands in healthy and nosema infected worker honeybees, 1969.