ФИЛИП V И АПОЛОНИЈА ВО 216 г.

  • Стефан Пановски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Сажетак

Летото 216 г. Филип V се подготвувал да ја нападне Аполонија, но по веста дека се приближува римската ескадра се повлекол. Непосредната цел била да се стекне со погодно пристаниште за борбата против Скердилаида, но прашањето е кои биле неговите долгорочни планови – експанзија во Илирија, или пак војна со Рим и експедиција во Италија. Што се однесува до втората можност, главен аргумент е толкувањето на Полибиј, како и римската реакција и перцепцијата на современиците за Филип и неговите амбиции. Но, во овој случај мислењето на Полибиј не е убедливо, а реакцијата на Рим попрво го покажува римското гледиште, а не плановите на македонскиот крал, а истото би можело да се каже и за гледиштето на современиците. Според тоа, иако дефинитивен одговор е невозможен првата можност делува поверојатно, особено ако се земат предвид и неговите постапки во следните неколку години. Во почетокот тој немал намера да војува со Рим, но по римската реакција во 216 г. и особено по катастрофата кај Кана, тој се свртел кон Ханибал, но и тогаш негова главна цел останала Илирија.

Downloads

Download data is not yet available.
Објављено
2021-12-16