ПЈЕР ТЕЈАР ДЕ ШАРДЕН И ФЕНОМЕНОТ ЧОВЕК

  • Денко Скаловски
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376747s

Сажетак

Свесен дека е многу тешко во еден текст да се направи осврт и критичка анализа на целокупната мисла на еден таков философ, католички теолог, палеонтолог, културен антрополог и хуманист каков што е Шарден, авторот се обидува барем да спомне и критички да прокоментира само неколку битни аспекти, делови и димензии на неговата полидимензионална и трансдискурзивна мисла. Дискурсот на Шарден e комплексен и повеќеслоен, и тој ги пречекорува границите на посебните философски науки и дисциплини, и во својата сеопфатна холистичка систематичност максимално ја релативизира и ја прави транспарентна границата помеѓу духовните/хуманистичките и природните/биолошки науки. На крајот на краткиот осврт врз Шарден авторот презентира и неколку критички осврти врз неговите дела, кои, сè до денес, и покрај зголемениот интерес за нив, за жал, и натаму остануваат релативно непознати за пошироката философска и интелектуална јавност. Текстот е поткрепен со цитирана и референтна философска и друга стручна литература на странски јазици и на македонски јазик.

Downloads

Download data is not yet available.
Објављено
2023-12-16