ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ ГЛОБАЛНИОТ ПОЛИЦИСКИ ОДГОВОР ВО ОДНОС НА ОНЛАЈН СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА И ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА

  • Тања Милошевска
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376497m

Сажетак

Во овој труд се обрнува внимание кон значителни зголемувања во активноста поврзана со сексуална злоупотреба и експлоатација на деца и на површинската и на темната мрежа за време на периодот на рестрикциите на КОВИД-19. Целта на овој труд е анализа за тоа како пандемијата на КОВИД-19 ги модифицираше трендовите и заканите за сексуална експлоатација и злоупотреба на деца, кои веќе беа на високо ниво и пред пандемијата. Оваа статија ги истакнува трендовите и заканите во тековниот контекст на КОВИД-19 во споредба со мерките пред пандемијата, какво влијание имаат тие на краток рок и со какви промени резултираа кога мерките за КОВИД-19 се намалија или целосно се укинаа. Трудот придонесува за разбирање на просторот на темната мрежа за време на пандемијата преку манифестација на тековниот организиран бизнис-модел кој еволуирал како што се шири технологијата и нивото на закана што го претставува за децата. Целта е да се споделат овие трендови низ глобалната заедница за спроведување на законот и науката со цел да се подобри мониторингот и откривањето на сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца на интернет, понатамошни истраги и глобален полициски одговор.

Downloads

Download data is not yet available.
Објављено
2023-12-16