КОНФЛИКТИ ПОРАДИ РАЗЛИЧНИ ВРЕДНОСТИ – УЛОГАТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО КОНФЛИКТ

  • Александар Павлески

Сажетак

Помеѓу бројните причини за конфликти во денешното безбедносно опкружување, конфликтите околу различни вредности, заземаат значајно место во безбедносната агенда. Досегашното искуство и истражувања, покажуваат дека овие конфликти иницираат поинаков, многу чувствителен начин на реагирање и на активности меѓу конфликтните страни. Како резултат на тоа, неминовно се наметнува потребата од примена на сеопфатен и внимателен пристап во нивното управување и решавање. Тргнувајќи од фактот дека системот на вредности се формира во текот на животот, како преку пошироките културни и општествени влијанија, така и преку сопственото искуство, трудот ја истражува улогата на идентитетот во конфликтите околу различни вредности. Конкретно, фокусот на истражувањето е насочен кон анализа на ситуациите, причините и начините поради кои идентитетот може да претставува причина или тригер/поттик за појава или ескалација на таканаречениот конфликт заснован на идентитет. Во овој контекст, трудот посебно ги истражува влијанието и улогата која идентитетот може да ја има во различни фази во конфликтите поради различни вредности, со посебен фокус на конфликтите со етничко-идентитетски карактеристики.

Downloads

Download data is not yet available.
Објављено
2022-12-16