ТРАНСДИЈАГНОСТИЧКА ПЕРСПЕКТИВА КОН НАРУШУВАЊАТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

  • Катерина Наумова

Сажетак

Во трудот е прикажан актуелниот статус на трансдијагностичкиот пристап кон психопатологијата, кој засега претставува алтернативен модел на опишување и разбирање на нарушеното ментално здравје, што се обидува да го премости јазот меѓу клиничката реалност и дијагностичката парадигма. Напуштањето на границите (т.е. ограничувањата) на дијагностичките категории, кое го предлага оваа перспектива, создава нови можности, не само за повалидно концептуално одредување на процесите што лежат во основата на широк спектар нарушувања и имаат улога на фактори на ризик за нивна појава, но и на механизми кои ги одржуваат, туку и за креирање на психолошки интервенции чија полезност ги надминува поединечните дијагностички ентитети. По кус осврт кон слабостите на категоријалните нозолошки системи, претставена е димензионалната репрезентација на психопатологијата, на која се темели оваа перспектива. Потоа се изложени различни пристапи кон дефинирањето и проучувањето на трансдијагностичките процеси, а дискутирани се и емпириските докази за неколку обемно истражувани фактори на ранливост. Прикажани се накусо и спецификите на трансдијагностичките психолошки интервенции, а на крајот се предочени актуелните предизвици и потенцијалните насоки на развој на оваа перспектива.

Downloads

Download data is not yet available.
Објављено
2022-12-16