ЕТИЧКИ ПРИСТАПИ ВО ОДРЕДУВАЊЕТО НА МОРАЛНИОТ СТАТУС НА ЖИВОТНИТЕ

  • Дејан Донев

Povzetek

Во последните неколку декади сведоци сме на една пролиферација на дела во полето широко дефинирано како „студии за односот меѓу човекот и животните“, „студии за животните“ или „антрозоологија“, па и „студии за етиката на животните“. Меѓу авангардата на ова поле дојде до соочување со ваквиот натурализиран дискурс. Со текот на времето тоа доведе и до сè поголемо нараснување на потребата од повторно разгледување, анализа и надградба на издржаноста на аргументацијата на различните етички гледишта и нивните теории кои служат за одредување и оценување на нашето однесување кон животните за морално прифатливо или не.

Оттука, она со што првенствено се занимава авторот е критичко промислување на широкиот опсег на теории кои се обидуваат да ги објаснат релевантните позиции за нашиот однос кон животните и живиот свет на Земјата. Со ваквото преземање на новата одговорност во однос на нашиот третман на животните се модифицира не само нашиот начин на подиректно третирање на животните, туку и начинот на кој треба да бидеме конституирани како субјекти во светот. Станува збор за претпоставка дека го споделуваме светот со други суштества и дека тоа подразбира морална обврска која ја надминува категоријата на припадност на истиот вид. Треба да се инаугурира една нова култура на соживот на луѓето со останатите нечовечки суштества, соодветно на современите услови за живот на оваа планета.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.
Objavljeno
2022-12-16
Kako citirati
Донев, Д. (2022). ЕТИЧКИ ПРИСТАПИ ВО ОДРЕДУВАЊЕТО НА МОРАЛНИОТ СТАТУС НА ЖИВОТНИТЕ. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 9-24. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/godzbo227509d