ЕДЕН (НЕ СОСЕМА) ПРИЈАТЕЛСКИ ДОГОВОР И БЛОКАДАТА НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Povzetek

Договорот за пријателство меѓу Софија и Скопје беше едно од првите надворешнополитички достигнувања на новоформираната Влада предводена од Зоран Заев во 2017 година. Тој беше претставен како конечно затворање на еден долготраен билатерален спор меѓу двете соседни земји, којшто би отстранил една пречка на патот кон интеграцијата во ЕУ. Меѓутоа, подоцнежниот Преспански договор (склучен речиси година дена подоцна) ја зеде сета слава и јавно внимание. Вистинската политичка тежина и слабостите на Договорот за пријателство станаа очигледни дури во декември 2020 година, кога бугарското вето го попречи отворањето на процесот за преговори за полноправно членство. Оваа статија го анализира и евалуира Договорот и неговите импликации преку политичка и правна призма. Клучната премиса е дека наместо поплочување на патот кон ЕУ, набрзина склучениот договор се покажа не само како нова пречка на патот, туку и како фактор на продлабочување на заемната недоверба и тензии меѓу двата народа. Пресвртот до кој дојде со воведувањето на новата методологија за проширување на ЕУ, во содејство со бугарското вето, го направи балканскиот заплет уште посложен од порано. Македонската држава е вратена на почетниот праг, слично како и во случајот во спорот со Грција, но сега заплеткана со друг билатерален спор и со идентитетски прашања кои немаат ништо заедничко со добрососедските односи и/или со Копенхашките критериуми. Напротив, овој доста потценет спор може да има силно влијание врз одржливоста на македонската држава на среден или долг рок. Главниот заклучок е дека застојот во процесот на проширување на ЕУ истовремено претставува и причина и последица на неспособноста на Брисел да ги разбере и разреши длабоките конфликти на Балканот, што истовремено покажува и дека членството во ЕУ само по себе не е лек за вкоренетиот и сè уште присутен национализам и шовинизам.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.
Objavljeno
2021-12-16
Kako citirati
Ванковска, Б. (2021). ЕДЕН (НЕ СОСЕМА) ПРИЈАТЕЛСКИ ДОГОВОР И БЛОКАДАТА НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА . Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 359-380. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2336