МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ И УЧЕСТВО НА МЛАДИ

  • Софија Георгиевска

Povzetek

Преку ова истражување се дава приказ на постоечките разлики во перцепциите на младите за квалитетот на живот, можностите кои ги имаат младите, како и начините на кои младите ги прават изборите што најмногу влијаат на нивната иднина како образование, струка и лична надоградба, а поврзани со она што го нуди нивната средина. Истражувањето прави преглед на најголемите предизвици со кои се соочуваат младите во различни средини на национално ниво, а преку анализа на добиените податоци, истражувањето гради компаративна слика на перцепциите за можностите во животот на младите во помалите и поголемите населени места во нашата држава. Младите на возраст од 15 до 29 години, кои се целна група на ова истражување, се категорија на граѓани на која државата ретко гледа издвоено од другите категории на граѓани. Дури и кога станува збор за креирање на политики наменети за младите, државата почесто има унифициран пристап наместо да ги стави во перспектива потребите на младите со различна заднина, како што се младите од рурални средини и помали градови, младите со попреченост и младите од семејства со ниски приходи. Имајќи го ова предвид, лесно е да се претпостави дека младите по чии „мерки“ не се носат политики и решенија имаат помалку избори кога се во прашање образовните можности, понатаму можностите за лична надградба и напредок, можностите за себеизразување, како и учество во културни настани. Недостатокот од соодветно креирани политики за млади, во областа на образованието, вработувањето или пак социјалната заштита, ниската функционалност на институциите, придонесуваат за зголемување на степенот на младинско иселување од Република Северна Македонија. Иселувањето, незадоволството, како и недостатокот од комуникација за активно вклучување на младите во демократските процеси, се дел од факторите кои влијаат на стагнацијата на социјалниот капитал на младите во нашата земја во текот на последните десет години1. Отсуството на современи политики, стратегии и документи кои ќе ја унапредат позицијата на младите, преку нивно ефективно вклучување во донесување одлуки во образовниот процес, на локално и национално ниво е нешто што низ годините се провлекува како предизвик на образовните, локалните и националните власти.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.
Objavljeno
2022-12-16
Kako citirati
Георгиевска, С. (2022). МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ И УЧЕСТВО НА МЛАДИ. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 75(1), 433-448. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2234