ПРОШИРЕН НАСТАВЕН КУРИКУЛУМ ЗА УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН ВИД

Аннотация

Историски гледано, специјалните едукатори и рехабилитатори констатирале дека традиционалниот наставен план и програм во редовните училишта не е доволen за учениците со сериозно оштетување на видот. Во образовниот процес, за компензирање на оштетувањето на видот, задолжително мора да се примени т.н. проширен наставен курикулум. Со примената на овој курикулум, учениците со оштетен вид ќе постигнат исти образовни резултати како и нивните врсници кои немаат оштетување на видот.

Покрај традиционалните наставни предмети, во проширениот наставен курикулум, се предвидени и посебни предмети за развој на компензаторните вештини кај децата со оштетен вид. Целта на курикулумот е овие ученици да го завршат училиштето со потребните знаења и вештини за самостоен живот. Во системот на инклузивно образование, овој курикулум го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор. Во овој труд ќе бидат објаснети компонентите на проширениот наставен курикулум за ученици со сериозно оштетување на видот.

Скачивания

Данные скачивания пока не доступны.
Опубликован
2021-12-16
Как цитировать
Димитрова Радојичиќ, Д. (2021). ПРОШИРЕН НАСТАВЕН КУРИКУЛУМ ЗА УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН ВИД. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 581-590. извлечено от https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2362