СИСТЕМ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШПАНИЈА

  • Оливер Бакрески Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Аннотация

Безбедносната политика служи како клучна рамка за реализирање на фундаменталните интереси на Шпанија. Нема сомневање дека безбедносната политика има специфично место со оглед на тоа дека таа е една од најзначајните безбедносни парадигми што ги создава потребните претпоставки за прогресивен развој во безбедносната сфера. Несомнено тоа придонесува за обликување мерки од безбедносен карактер на Шпанија, во обезбедување на потребната политичка неутралност, а чиешто дејствување ќе биде во уставно дозволената рамка. Тоа истовремено овозможува политичките идеали да прераснат во политичка безбедносна доктрина со која ќе се настојува да се продуцира оптимален концепт и стратегија на постапки заради остварување на поставените цели. Оттука, ефикасна безбедносна политика може да успее само ако е втемелена врз основа на научни сознанија. Тоа претставува супстрат во обликување на нејзината рамка на филозофија и служи како глобална основа за децидно утврдување на обврските на сите потсистеми во општеството кога е во прашање назначената проблематика (економска, социјална, еколошка, политичка итн.).

Скачивания

Данные скачивания пока не доступны.
Опубликован
2021-12-16
Как цитировать
Бакрески, О. (2021). СИСТЕМ НА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ НА ШПАНИЈА. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 331-344. извлечено от https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2334