Барање за отстранување на одредени неконзистентности

  • Бобан Петровски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Abstract

Почитувани,
Ви ce обраќам во две својства и по две прашања:
-Како раководител на Институтот за историја сметам за потребно службено да Ви укажам на една неконзистентност која ce провлекува во редоследот на публикуваните трудови во факултетското спиеание ГЗФФ. Имено, согласно член 15 од Правилникот на Филозофски факултет-променет пред околу 3 години, Институтот за историја е посочен како трет, но во ГЗФФ трудовите на нашите професори ce уште не ce претставуваат по тој редослед;
-Како Главен уредник на списанието Македонска историска ревија( MHR) кое е со меѓународна редакција од седум држави од респектибилни универзитети, Ви укажувам на една недопустлива појава која ce случи истовремено во последниот број на ГЗФФ КН.64 од декември 2011 и последниот број на MHR бр. 2 излезен во декември 2011 г. Имено, на двете списанија издавач е Филозофскиот факултет, но тоа не поколебало еден автор, инаку наш професор кој бездруго го знае тоа, да издаде потполно иста статија во двете списанија кои излегоа истовремено, еднаш на македонски, во другото на англиски (види Прилог). Јас како Главен уредник на MHR немав увид во постапките на авторот, ниту ми беше укажано или на било кој начин најавено или предочено, ce додека истата статија е ja здогледа светлоста на академскиот ден во ГЗФФ и MHR истовремено во декември 2011г. a кој датум на публикување го знае и авторот на статијата.
Заради зачувување на безмалку столетниот дигнитет на Филозофскиот факултет, повеќе децениското реноме на ГЗФФ, како и персоналниот кредибилитет на сите повикани по службена основа, ценам дека треба Редакцијата на ГЗФФ официјално да ja повлече ова статија публикувана во ГЗФФ 64. На тој начин не би ce ставале во непријатна ситуација вакво писмо да ce достави до Меѓународната редакција на MHR, бидејќи постоењето на една иста статија публикувана два пати во иста година и од ист издавач, академски е неодржливо.
Со почит,
Во Скопје, Проф. д-р Бобан Петровеки
11. 06. 2012г. _________________________

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2012-12-14
How to Cite
Петровски, Б. (2012). Барање за отстранување на одредени неконзистентности. Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 65(1), 305. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/3181