НАСИЛСТВО КАЈ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

  • Зоран Киткањ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Мелита Милевска Богатинова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: НАСИЛСТВО, КРИВИЧНИ ДЕЛА, МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА, КРИМИНАЛИТЕТ, МАКЕДОНИЈА

Апстракт

Во последната деценија насилното и агресивното однесување кај децата и младите е во постојан пораст. Ваквиот проблем ce повеќе го свртува вниманието на стручната, научната и целокупната јавност во Македонија и во светот.
Во овој труд ќе биде прикажана застапеноста на малолетничкиот криминалитет со елементи на насилство, неговата структура и диструбуција според возраста на малолетните лица во периодот од 2001- 2010 год. во Р.Македонија.
Методи: Во овој труд користени ce дескриптивниот метод и анализа на докумнетација на официјалните статистички прегледи за сторени кривични дела од 2001-2010 во Република Македонија и статистички прегледи за сторени кривични дела од 2005-2009 во Република Хрватска.
Резултати: Во анализираниот десетогодшиен период (2001-2010) застапеноста на насилничкиот криминалитет кај малолетните лица во Македонија ce движи од 11.4% до 23.4%) од вкупниот малолетнички криминалитет. Во Хрватска споменатиот криминалитет кај малолетните лица ce движи од 20-28% од вкупно сторените кривични дела.
Заклучок: Обемот и динамиката на криминалитетот со елементи на насилство варира и ce каректеризира со неконтинуиран пораст во двете земји.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-14