ПЛАГИЈАТОРСТВО ВО НАУЧНАТА РАБОТА
Апстракт
Во научното пишување, плагијат ce смета за сериозно прекршување на етиката. Постојат различни форми на плагијати, но може да ce категоризираат во две општи различни категории - плагијат на идеи и плагијат на текст.
Целта на трудот е да ce осврне на плагијаторството поопсежно, да изнајде начини за негово откривање и да даде препораки за негово надминување.
Авторите имаат одговорност да ce осигураат дека тue даваат признание во секое време кога тue користат идеи или зборови на другите. Уредниците на научните списанија, исто така, имаат одговорност да ги обесхрабрат плагијатите. Едни од најважните чекори во спречувањето на плагијат ce оние кои ce преземаат за да ce потенцираат неговите причини. Софтверот за откривање плагијати значително влијаеше на квалитетот на издаваштвото во науката.
Во македонски услови многу малку или воопшто не ce води грижи за етика во науката. Често пати сме сведоци на плагијаторство што останува неказнето од страна на пошироката научна заедница, ниту од судските органи. Во иднина мора да бидат санкционирани и интелектуалната сопственост мора да ce почитува. Создавање на софтвер на македонски јазик што може да детектира дупликат публикации е еден од можните решенија за надминување на лошата ситуација со научните публикации во Македонија.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Владимир Трајковски

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.