ПСИХОЛОШКИ ПРОФИЛ НА ЖРТВИТЕ НА МОБИНГ НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Софија Арнаудова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Фросина Денкова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: МОБИНГ, ВРАБОТЕНИ, ПЕРСОНАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Апстракт

Мобингот ce дефинира како појава на психичко малтретирање, кое ce повторува низ повеќе активности со цел да ce деградира работникот по различни основи. Мобингот предизвикува повреда на човековите права и достоинство, и му штети на физичкото и менталното здравје и го намалува професионалното напредување на жртвата.
За целите на оваа студија беше конструиран прашалник кој ce состои од 25 прашања за да ce утврди присуство на мобингот е и прашалник за испитување на личните карактеристики на вработените - жртви на мобинг (NEOPIR) (KocTa & McRae). Истражувањето беше спроведено во период од шест месеци од јануари 2011 до јуни 2011 година. Во примерокот учествуваа 255 вработени (82 мажи и 173 жени) во пет различни дејности: администрација (50), здравство и социјална работа (54), образование (52) индустријата (53) и армијата (46).
Kora станува збор за дескриптивна анализа, може да ce забележи дека аритметичката средина од присуството на мобинг целиот примерок беше М = 45,05, што е повисока од просечната за целиот примерок Mdn = 43.00, но пониски од теоретска аритметичката средина Mt = 50,00.
Во разгледување на податоците за петте димензии на личност потребно е да ce има на ум дека теоретската аритметичката средина е М =
96.00. Највисок резултат од испитаниците укажуваат на димензија совесност (М = 106,78), која е речиси идентична со димензија на сложување (М = 106,78) и најниска на невротицизам (М = 88,40).
Резултатите добиени со користење на Пирсонов коефициент на корелација покажуваат дека постои позитивна врска меѓу присуство на мобингот и невротицизмот (г =, 259, р <0,01) и негативна врска помеѓу присуство на мобингот и сложување (г = - , 164, р <0,01) и совесност (г = -, 195, р <0,01).
Според презентираните резултати може да ce заклучи дека вработените кои ce изложени на мобинг имаат тенденција да доживуваат лутина, чувство на вина, тага, очај и осаменост. Исто така, жртвите на мобинг на работното место не веруваат во добрите намери на другите и обично немаат капацитет да започнат со задачи и да го следат текот на на работните активности, бидејќи често ce соочуваат со здодевност или одвлекување на вниманието.
Исто така, можеме да заклучиме дека нема статистички значајни разлики во нивото на мобинг помеѓу вработените во приватниот и јавниот сектор, но дека вработените кои работат во здравството и социјалната работа најчесто ce изложени на мобинг.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-14