ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ ПРАШАЊА ВО НАЦИОНАЛНИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПОЛИТИКИ
Апстракт
Безбедноста е заеднички императив за сите организирани општества и во сите етапи од нивниот историски разеој. Во современите општества, безбедноста е сфера на интерес на сите категории субјекти, и е основна општествена потреба која подразбира состојба на заштитеност на граѓаните и државата од сите видови загрозувања. Бидејќи безбедноста може да ce набљудува од повеќе аспекти, нејзиното поимно определување не може да ce смести во една универзална дефиниција. Но, неспорно е дека оваа цивилизациска придобивка им е потребна на сите во општеството без оглед на полот, статусот, националната или која било припадност. Поради тоа, безбедносните политики треба да бидат сеопфатни и да ги земат предвид различните безбедносни потреби на сите групи во општеството. Со намалуањетво на дискриминацијата, т.е. со воспоставувањето на заштитни правила против дискриминација во институциите на безбедносниот сектор, ce овозможува градење на доверба, ce зголемува легитимитетот и ce подобрува обезбедувањето на сигурност и npaвдa. Во тue рамки, мошне е значајно да ce земат предвид и различните безбедносни потреби на мажите и жените, вклучувајќи ги тука и внатрешните закани за безбедноста, како што е родовото насилство, како најочигледна манифестација на потребата од различен пристап при пружањето на безбедност u правда. Вклучувањето на родовите прашања во безбедносните политики позитивно влијае врз структурата и персоналот на вооружените сили, разузнавачките служби, полицијата и другите институции ео безбедносниот сектор, и е показател дека работата околу креирањето на политиката на безбедност е темелно сработена и обезбедува родово одговорен процес и резултат.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Зорица Салтировска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.