ТРЕТМАНОТ НА САМОУЧЕЊЕТО ВО КОНЦЕПТОТ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ
Апстракт
Времето во кое живееме денес, со сите промени кои ги носи со себе во различните области на животот и работата, ja условува потребата за постојано учење и образование. Тоа истовремено значи дека современиот систем на образование мора да ce гради на база на еден нов тип на учење - на учењето како да ce учи или самоучењето.
Појавата на самоучењето може да ce смета како реакција на промените во пост-индустриското општество. Всушност, тоа ce jaвyвa како одговор на општественото и политичко парашање: Дали нашата младина поседува доволно знаења, вештини и ставови потребни за продуктивен живот во едно пост-индустриско општество?
Самоучењето per se е одговор на ова прашање, бидејќи тоа им дава огромна автономија на личностите и влевање на моќ во нивните животи - лична, образовна и граѓанска.
Во вакви услови ce npeucnumyвa ce уште присутната состојба на „енциклопедиско знаење ”, vis ά vis афирмираната потреба учениците на сите нивоа на образование да ce запознаат со методите и техниките за самостојно учење, односно да ce оспособат за самоучење.
Недостатокот на програми кои вклучуваат елементи за самоучење, недостатокот од прирачници за наставниците кои би им помогнале да ги оспособат учениците за ваквиот тип на учење, како и недоволната подготвеност на наставниците за примена на иновативни наставни методи и техники во наставата - ce секојдневна пречка која cè уште е присутна во образовниот систем во повеќето земји, na и во нашата.
Самоучењето, полека но сигурно, треба да стане дел од секој модерно конципиран систем за образование, овозможувајќи им и на децата и на возрасните да станат управувачи со сопственото образование и учење и да бидат во тек со забрзаните промени на општеството базирано на знаење.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Елена Ризова

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.