ДИДАКТИЧКО-МЕТОДСКО МОДЕЛИРАЊЕ НА ИГРОВНАТА АКТИВНОСТ BO РАНАТА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Апстракт
Стручната јавност и no долги години cè уште води дебати за улогата и вредноста на играта и нејзиното влијание врз ефективното поучување и учење. Определбите за и против играта во образовен контекст, продуцираат аргументи кои неа ja одржуваат високо во програмата на образовните политики, истражувања и практика. Играта u понатаму добива сериозен третман, a потврда за тоа ce современите истражувања кои обезбедуваат нови теоретски рамки и водичи за практиката. Научниците и практичарите со интерес гледаат кон проблематиката на играта особено заради нејзиниот идеален спој на теоријата и практиката, како и обезбедување на квалитет во процесот на учење и поучување.
Дидактичко-методската поставеност на игровната активност ce однесува на нејзино добро планирање но и создавање на структура која ќе ги одреди поединечните елементи во нејзината реализација. Праксата нуди различни интерпретации на терминот структура. Така на пример од една страна структурата може да имплицира тесна методска рамка која го фокусира вниманието на различни поучувачки излезни резултати. Или пак од друга страна, структурата може да имплицира отворена методска рамка која дава сигурност дека игровните активности го вклучуваат процесот кој го поддржува учењето и потенцијално нуди можности за излезни резултати. Двете толкувања зависат од педагошкиот контекст во кој ce ocmвapyвa дадената структура.
Наставниците треба да ги препознаваат различните значења за да можат да одлучат кој npucman и кои дидактичко-методски компоненти ќе ги применат во функција на создавање на меѓузависен однос помеѓу играта, учењето и поучувањето во првиот образовен циклус.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Алма Тасевска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.