МОРАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ТЕОРИЈАТА НА МОРАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА АВГУСТО БЛАЗИ

  • Ана Фрицханд Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: МОРАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, МОРАЛНО РАСУДУВАЊЕ, МОРАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Апстракт

Во овој труд е претставена теоријата на морално функционирање на Августо Блази - еден од најпознатите современи развојни психолози.
Неговите истражувања на поврзаноста помеѓу моралното расудување и моралното однесување го промовираат моралниот идентитет како
најверојатно решение за јазот меѓу овие два домена на моралноста. Во таа насока авторот го развива т.н. селф-модел, кој е фокусиран на „преминот од морално расудување кон морално однесување u на прашањето за конзистентностa на врската расудување - однесување" (Blasi, 1983; стр. 194). Овој модел е прикажан низ седум пропозиции и има четири суштински карактеристики. Во трудот ce посочени дел од истражувањата на Блази и соработниците кои ce однесуваат на формирањето и развојот на моралниот идентитет во детството и адолесценцијата. На крајот ce наведени предностите на теоријата на морално функционирање во однос на другите познати модели и теории од областа на психологијата на моралот и моралниот развој.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2016-12-06

##plugins.generic.recommendByAuthor.heading##