ВОДЕЧКИ ПРИНЦИПИ НА ФЕМИНИСТИЧКИ ОРИЕНТИРАНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВО ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ
Апстракт
По три децеиии откако беше поставено прашањето за тоа дали полот на oнoj кој осознава е епистемолошки релевантен, анализата на повеќето текстови од областа на феминистичката теорија и истражувања упатува на тоа дека cè yште нема консензус за тоа дали постои посебна феминистичка методологија. Сепак, многумина истражувач(к)и кои ce феминистички ориеитирани укажуваат дека постојат обединувачки принципи од кои ce водени феминистичките истражувања, a кои може да ce сретнат во различните npucmanu што ce користат во феминистички ориентираните општествени истражувања. Текстот ги прикажува токму овие заеднички начела на феминистичките истражувања, спротивставувајќи ги на традиционалната академската методологија, која cè уште, главно, е базирана на позитивистичката епистемолошка парадигма. На крајот, накусо ce дискутирани критиките кои ce упатени кон феминистичката методологија, a кои потекнуваат од самите истражувач(к)и што го користат феминистичкиот пристап.
Downloads
Авторски права (c) 2013 Николина Кениг

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.