РОДОВИ РАЗЛИКИ ВО ДОЖИВУВАЊЕТО, ИЗРАЗУВАЊЕТО И ВО МОТИВИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИ

  • Михајло Поповски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Даниела Неделкова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: ЕМОЦИИ, ИЗРАЗУВАЊЕ ЕМОЦИИ, РЕГУЛИРАЊЕ ЕМОЦИИ, РОДОВИ РАЗЛИКИ

Апстракт

Во трудот ce соопштуваат резултати од истражување на родовите разлики во доживувањето, изразувањето и во мотивите за регулирање четири примарни емоции: лутина, страв, радост и тага вo услови кога постоело совпаѓање и кога не постоело совпаѓање меѓу објектот u лицето (целта) спрема кого била насочена емоцијата, и кога лицето било од ист или од различеи пол. Истражувањето е спроведено на npиmepoк од 628 ученици и студенти, од кои 259 се машки, a 369 ce женски. Просечната возраст на учесниците е 17.9 години. Добиените резултати, општо земено, покажуваат дека женските учесници во споредба со машките поинтензивно ги доживеале речиси сите емоции, независно од условите во кои ce наоѓале и од полот на лицето со кое биле во друштво. Женските учесници, исто така, покажале подготвеност за пофреквентно манифестирање на повеќе реакции при доживувањето на сите емоции отколку машките. Најчестите образложенија кои учесниците ги давале за реакциите што ги манифестирале при доживувањето на емоциите ce однесувале на мотивот за подобрување на сопствената емоционална состојба и имале, пред се, катарзички ефекти, независно од условите во кои ce давани образложенијата.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-12-16