ПОЛИТИЧКИТЕ ПРИЛИКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА KAKO ДЕЛ ОД ЈУЖНА СРБИЈА 1919-1929 ГОДИНА
Апстракт
Во трудот ce анализираат покарактеристичиите моменти кои даваат специфичен печат на положбата на Македонија како јужна српска покраина во првиот период на парламентарниот живот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците 1919-1929 година. Направен е кус нужен осврт на периодот 1903-1918 година без кој не може да ce проучува историјата на македонскиот ,,долг ( XX век, ниту, пак, историјата на парламентаризмот ео Македоиија како јужна српска покраина. Негирањето на македонската национална посебност, економското ограбување и политичкото насилство создавале незадоволство речиси кај сите слоеви на македоиското иаселение, со исклучок на малкумина кои биле во служба на големосрпскиот режим. Економската неразвиеиост u непросветеност на македонскиот народ поради долгиот период на туѓи владеења врз Македонија, непостоењето традиции на демократија и политичко организирање, националната подреденост итн. до краен степен ги ограничувале можностите за развој и функционирање на парламентарниот живот. Истовремено, продолжиле дипломатските игри на балканските држави, кои no поделбата на Македоиија ce надевале на ново поместување на границите во своја корист. Поради активноста на Виатрешната македонска револуционерна организацијa (автономистичка), која со помош на Бугарија вметнуваше вооружени чети во Македонија и реванишзмот на српските жандармериски, воени и паравоени формации, македонскиот народ беше изложен на ужасен терор. Во сиромашниот парламентарен живот во Македонија беа доминанти и режимските српски партии преку кои Македонците не можеле да ги реализираат своите политички, национални и социјални барања.
Downloads
Авторски права (c) 2013 Виолета Ачкоска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.