СТРАТЕГИСКИ, КОНЦЕПЦИСКИ И СИСТЕМСКИ ПРОМЕНИ НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА М АКЕДОНИ ЈА (СО СТОЈБА И ПЕРСПЕКТИВА)
Апстракт
Глобалните општествени промени кои диктираат новини и во образовниот систем ce несомнено дел и од македонската општествена
и образовна клима. Во последните децении ce забележува потребата од изнаоѓање нови и соодветни решенија кои ќе ги следат современите трендови и текови на полето иа образованието. Теоријата и практиката тежнеат кон креирање разни стратегии, материјали и документи кои ќе го дадат својот придонес кон ваквата тенденција. Cè помногубројни и погласни ce светските организации (УНЕСКО, УНИЦЕФ, Европскиот совет, Европската комисија) кои ce занимаваат со областа на образованието, во понудата на цели, принципи, насоки, препораки кои треба дa претставуваат темел на новата поставеност на образованието.
Во обидот да ce одржува чекорот, Република Македонија креираше национални документи на кои го поставува сопственото образование.
Последен u тековен документ е Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015 со придружни програмски документи, издадена ео 2004 година од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Овој значаен стратегиски документ ce однесува иа целта, предизвиците, националната образовна визија, мисија, вредности, принципи и клучни подрачја за интервенција. Направен е план за начинот на кој може да ce оствари една од позначајните глобални образовни цели, a тоа е образование за сите, потоа начинот на унапредување на иителектуалниот раст и учење, зголемувањето на можностите за партиципација, како и можностите за зголемување на компетитивноста на македонското општество.
Но, клучното прашање во овој труд ce однесува на реалната состојба во нашето образование. Односно во колкава мера, no речиси
една деценија, сето она што е стратегиски и концепциски поставено на теоретско ниво наоѓа своја успешна примена во секојдневната воспитнообразовна практика.
Downloads
Авторски права (c) 2013 Алма Тасевска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.