ИГРАТА KAKO АКТИВНОСТ И ИГРАТА KAKO ТЕРАПИЈА КАЈ ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ BO РАЗВОЈОТ
Апстракт
Играта претставува нормална експресија кај децата, која може да биде под влијание на етничката припадност, јазикот, религијата или други културни аспекти. He само што има централно место, туку е и круцијална за детскиот развој, интензивното моторно и сензорно стимулирање, кои настануваат како резултат на играта, помагаат во нормалниот развој на мозокот и спречуваат
губење на невроните. Од друга страна, играта не е значајна само за промовирање на нормалниот детски развој, таа има и непроценлива терапевтска моќ.
Основната цел на студијата беше да ce детерминираат фреквенцијата и видот на игровни активности кои ги преферираат деца со пречки во развојот, како и да ce потенцира терапевтската моќ на играта. Беа применети методот на компаративна и дескриптивна анализа и методот на генерализација. Од техниките беа применети анализа на современата литература и скала за проценка на игровни активности. Примерокот ce состоеше од 32 деца со пречки во развојот на еозраст од 7-12 години.
Добиените резултати ja потенцираа важноста од примена на терапијата преку игра кај децата со пречки во развојот, со оглед на тоа што кај 72% од испитаниците, најчеста активност во слободното време е гледање на телевизија или примена на компјутер.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Оливера Рашиќ Цаневска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.