ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ И КУЛТУРНИ ФАКТОРИ И ВЛИЈАНИЈА ВРЗ СОЦИЈАЛНАТА СИГУРНОСТ И СОЦИЈАЛНАТА РЕГУЛАТИВА

  • Јован Пејковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1669275p
Клучни зборови: СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ, СОЦИЈАЛНА РЕГУЛАТИВА, КУЛТУРА, ВЛИЈАНИЈА, ПРОМЕНИ

Апстракт

Општеството како сложен систем настојува да ги регулира односите што постојат во него и тоа во сите домени каде што е можно да ce уредат врз принципиелни основи. Целта е со почитување на правата на граѓаните во рамките на демократскиот модел на општествено уредување да ce обезбеди социјална сигурност и функционирање на системите кои ja продуцираат.
Со компарација на системите на социјална сигурност во различни средини ce согледуваат социјалните, економските и културните основи кои ги моделираат. Без разбирање на социјалните и културните разлики, меѓу и во рамките на нациите, не може да ce разберат моделите на кои ce фундира социјалната сигурност. Или, како поинаку да ce разбере распределбата и прераспределбата на создадениот произеод, односно издвојувањата за социјални надоместоци и трансфери кон лицата на кои им е потребна помош и поддршка ако mue не ce базираат на дефинирани социјални влијанија и регулатива.
Со прикажување на разните влијанија, пред cè социоекономски и културни, ce објаснува организирањето на општеството и на одделните потсистеми, a врз таа основа како ce обликува и дејствува системот на социјална сигурност кој е предуслов за одржливост на државата и системот.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2016-12-16